Во ХЕЦ Шпилје произведени 230 милиони кв

Bez autora
Dec 17 2012

Во хидроелектричната централа Шпилје се произведени 230 милиони киловат-часови електрична енергија, што претставува над 96 отсто од годишниот план, кој изнесува 238 милиони киловат-часови. Од ЕЛЕМ велат дека тоа е резултат на поволната хидрологија и подготвеноста на електраната да ја прими и преработи целата количина на вода. Оптимисти сме дека до крајот на годинава планот ќе биде целосно реализиран. Моментниот среден дотек во вода во акумулацијата Дебарско Езеро изнесува 50 кубни метри вода во секунда, односно 15 кубни метри се влеваат од Радика додека 35 кубни метри вода доаѓа од Глобочицаа. Во акумулацијата има резерва на вода за производство на околу 16 милиони киловат-часови. Bо 43-годишното постоење на електраната рекордно производство на електрична енергија е забележано во 2011 година кога беа произведени околу 560 милиони киловат-часови.

Во ХЕЦ Шпилје произведени 230 милиони квВо хидроелектричната централа Шпилје се произведени 230 милиони киловат-часови електрична енергија, што претставува над 96 отсто од годишниот план, кој изнесува 238 милиони киловат-часови.

Од ЕЛЕМ велат дека тоа е резултат на поволната хидрологија и подготвеноста на електраната да ја прими и преработи целата количина на вода.

- Оптимисти сме дека до крајот на годинава планот ќе биде целосно реализиран. Моментниот среден дотек во вода во акумулацијата Дебарско Езеро изнесува 50 кубни метри вода во секунда, односно 15 кубни метри се влеваат од Радика додека 35 кубни метри вода доаѓа од Глобочицаа. Во акумулацијата има резерва на вода за производство на околу 16 милиони киловат-часови - вели портпаролот на ЕЛЕМ, Мирече Котески.

Тој потсети дека во 43-годишното постоење на електраната рекордно производство на електрична енергија е забележано во 2011 година кога беа произведени околу 560 милиони киловат-часови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik